Вардар по шести или Струга Трим Лум за првпат ќе биде освојувач на Купот на Македонија во фудбал, а за финалето, кое ќе се игра утревечер на Арената „Тодор Проески“ во Скопје, создадени се сите услови за спектакл.
Финалето ќе се игра со топка на „Пума“, каква што во следната сезона ќе се користи во англиската Премиер лига.
Покрај тоа, состојбата на теренот е во перфектна кондиција, фудбалерите не може да се жалат дека ќе играат на „нива“ и нерамен терен, а за регуларноста да биде на прво место, ќе се погрижи и ВАР-технологијата со искусни српски судии во ВАР-собата.