Македонската фудбалска репрезентација во овие моменти го одработува последниот тренинг на стадионот „Ta-Кали“, каде утревечер од 20:45 часот ќе го игра дуелот од квалификациите за пласман на Европското првенство 2024 година.
Националниот стадион на Малта има капацитет од 17.000 гледачи, но и тоа е повеќе од доволно ако се знае дека во оваа земја, спортот не е атрактивен и популарен како кај нас. Сепак, тоа што може да се забележи е дека теренот на стадионот е во перфектна состојба. Одлично се оддржува стадионот и ниту еден од фудбалерите кои се на теренот немаат никакви проблеми околу теренот.
Инаку, 70 отсто од тревата е природна, а 30 проценти вештачка.
Малта е доказ дека и да не си фудбалска велесила и фудбалот да не е најпопуларен спорт во земјата и да нема толку интерес, сепак теренот и репрезентативното здание се негува и чува на највисоко ниво.
Макдонија можеби не треба да учи на фудбалски план од Малта, но секако има и тоа како да научи за тоа како треба да се чува, третира и одржува теренот на кој игра националната репрезентација.