„Теренот од пеколот“ ги голтна и вкрстените лигаменти на Марко Асенсио

„Фед-екс филд“ стадионот во Вашингтон е познат во САД по тоа што бил кобен за неколку играчи од НФЛ, а синоќа таму со тешка повреда се здоби и фудбалерот на Реал Мадрид, Марко Асенсио. На Шпанецот, кој откако одигра добро и потоа ги скина предните вкрстени лигаменти во коленото на пријателскиот меч со Арсенал, му претстои пауза најмалку 8-9 месеци.

Сега во Реал Мадрид не знаат што да прават бидејќи Асенсио беше планирано да биде стартер на позицијата десно крило. Можеби вака ќе остане Герет Бејл или можеби и Хамес Родригес, во спротивно, ќе треба како десни крила да се користат Винисиус и Лукас Васкес, за кого исто така се зборува дека може да биде продаден, а варијанта е и Родриго, ако се отвори едно место за играч со неевропски пасош.

На теренот во Вашингтон, каде што мечевите како домаќин ги игра НФЛ-тимот Редскинс, и во минатото се повредуваа квотербекови на Црвенокошците. Во 2013 година, Роберт Грифин ги скина лигаментите на коленото, а лани Алекс Смит ја скрши ногата.

Во последните две години, Редскинс се тим со најмногу повредени играчи во НФЛ. Веројатно слабото вложување во одржување и временските услови придонесуваат овој терен да биде проценет како петти најлош на светот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести