Фудбалската репрезентација на Црна Гора нема да може да игра против Велс на 9 септември, во натпреварот од Лигата на нациите, на стадионот „Под Горица“ во главниот град бидејќи речиси еден месец таму е катастрофална состојбата на теренот и не е подобрен ниту по последната инспекција на УЕФА.
И делегацијата на Фудбалскиот сојуз на Велс при неодамнешната посета на Подгорица изразила незадоволство од состојбата на тревникот на најголемиот стадион во Црна Гора.
Така, црногорската репрезентација за првпат од осамостојувањето би одиграла домашен натпревар на друг стадион, а не на градскиот стадион во Подгорица.
Црна Гора во октомври гостува кај Турција и Велс, а доколку се подобри состојбата на теренот, би можела да се врати на стадионот во Подгорица во ноември, кога ги пречекува Исланд и Турција.