Нрвежанката Тересе Јохауг е првата спортистка што освои златен медал на Зимските олимписки игри во Пекинг, откако победи во Крос кантри на трката 7,5 километри+7,5 километри Скијатлон.
Јохауг беше најбрза со време од 44 минути, 13 секунди и 7 стотинки, пред Русинката Наталија Непријаева и Тереза Штадлобер од Австрија.
За Јохауг ова е второ злато на Олимпијадите, а има и по еден сребрен и бронзен медал.
На трката требаше да учествува и нашата олимпијка Ана Цветановска, која на бизарен начин ја загуби можноста за прв настап на Зимски олимписки игри.
Таа беше во контакт со тренерот Борче Јовановски, кој имаше позитивен тест на Ковид-19 и иако не е заразена не доби шанса за настап.
Објаснувањето е дека и голема била конкуренцијата и бројот на пријавени натпреварувачки за оваа дисциплина, па Цветановска остана без настап денеска.