Австрискиот новинар Флоријан Кленк преку социјалните мрежи побара да се даде одговор како тоа Кујтим Фејзулаи од некогашен талентиран фудбалер на австриски клуб, се претворил во екстремист и терорист кој напаѓа низ Виена. Фејзулаи, кој е роден во Австрија и има потекло од Македонија, во јуни 2015 година бил регистриран како фудбалер на еден клуб од Виена.
„Зошто човек кој играл за виенски клуб и му се предвидувала успешна фудбалска кариера, се радикализирал и уби четири луѓе? Што се случило со него, каде е грешката? Ова прашање бара истрага од австриско општество“, напиша Кленк.
Објавена е и фотографија од сајтот на Австриската фудбалска федерација, на која се гледа како тогаш 15-годишниот Фејзулаи бил регистриран како играч.