33.8 C
Skopje
среда, 20 август 2025

Терзиќ: На толку вложување, не прифаќаме играње во Лигата на Европа

Не се исполнија очекувањата на генералниот директор на Црвена ѕвезда, Звездан Терзиќ, кој најавуваше дека очекува Црвено-белите да го „згазат“ кипарскиот тим Пафос. На крајот, Пафос со 2:1 победи во Белград и сега е на чекор од пласман во групната фаза од Лигата на шампионите.

И покрај разочарувањето, Терзиќ не прифаќа дека Ѕвезда може да извиси од настап во групната фаза во Лигата на шампионите.

„Во спортот најубавото утро е по победа, а најтешкото утро е по пораз. Отсекогаш било така и секогаш ќе биде. Но, еве ме денес, кога сè е во ред, поубеден од кога било дека ќе играме во Лигата на шампионите оваа година. Без оглед на неприфатливо слабата игра што ја одигравме синоќа, убеден сум дека сме подобар тим од Пафос и дека ќе победиме следниот вторник и ќе играме во најсилното натпреварување на УЕФА“, вели Терзиќ.

Првиот човек на Црвена ѕвезда не сака да го потцени добриот настап на кипарскиот првак, но убеден е дека неговиот тим е подобар.

„Без намера да го негирам одличниот настап на нашиот противник синоќа, нивните победи против Макаби и Динамо Киев, не сакам да ги негирам големите инвестиции и растот на клубот од Кипар, верувам дека Црвена ѕвезда е подобар тим во моментов, со подобри играчи и подобар тренер. Потрошивме многу пари, труд, енергија, љубов и време за создавање на овој тим само за да ја прифатиме оценката дека Лигата на Европа е вистинската мерка за натпреварување за Црвена ѕвезда. Не, вистинската мерка за Црвена ѕвезда е Лигата на шампионите и тоа ќе го покажеме следниот вторник на гостински терен. Верувам во оваа Црвена ѕвезда“, нагласи Терзиќ.

- Оглас -

Најнови вести