Тренерот на Борусија Дортмунд Един Терзиќ е еден од главните херои на Милионерите. Тоа е стратегот кој успеа да постави тактика со која во повеќе од 180 минути игра неговиот тим нема да прими ниту еден гол од ПСЖ.
Францускиот првак сезонава кога губеше само два пати не успеа да даде гол и тоа е на двете пресметки со Борусија Дортмунд. Германскиот тим веќе е во финалето на „Вембли“ и сега го чека ривалот, а тоа ќе биде подобриот од дуелот Реал Мадрид – Баерн Минхен.
По првиот меч во Минхен средбата заврши 2:2, што значи дека вечерва на „Сантијаго Бернабеу“ мора да има победник. Запрашан за тоа кого повеќе посакува во финалето, Терзиќ имаше уникатен одговор.
„Сакам да има шест црвени картони на Реал – Баерн. Тоа е мојата желба, инаку не ме интересира кој ќе победи. Знам дека против кого и да играме на „Вембли“ ние нема да бидеме во улога на фаворити. Ќе биде многу тешко, но во фудбалот се е можно, тоа ќе биде само еден меч и ние ќе се обидеме да стигнеме до трофејот“, вели Терзиќ.
Во Специјалниот сингл на Sport Life има голем број игри како и тоа дали ќе има црвен картон и за кој тим би било исклучувањето.