Во интервју за „Б92“, генералниот директор на Црвена ѕвезда, Звездан Терзиќ, изјави дека Црвено-белите се лидери во регионот и најдобар тим на просторот од Истанбул до Германија.
„Црвена звезда е апсолутен лидер во регионот. Црвена звезда го има најдобриот и најсилен тим на теренот од Истанбул до Германија. Тоа го покажуваме со резултатите. Ние сме и финансиски најсилни во тој дел, од Истанбул до Германија ниту еден клуб не може да генерира 96 милиони евра, а ние редовно го правиме тоа. Во однос на спортски и деловни резултати, организација како клуб, далеку сме пред сите други клубови. Го претекнавме дури и Олимпијакос, кој секогаш беше над Динамо Загреб“, вели Терзиќ.