7.8 C
Skopje
петок, 6 февруари 2026

Тесен пораз на Црвена ѕвезда во Евролигата

Петте победи во низа на Црвена ѕвезда во Евролигата завршија со тесен пораз од Макаби Тел Авив. Во пеколот на „Александар Николиќ“ во Белград, израелскиот тим покажа карактер во клучните моменти и замина со победа од 82-83.

Црвено-белите ја контролираа третата четвртина и го презедоа водството, но во последната делница потфрлија, а неколку нереализирани шутеви во завршницата беа кобни и го означија триумфот на гостите.

Возбудливо беше и во Франција. Асвел доцна се разбуди и загуби од Милано со 76-77 во неизвесен финиш. Најубедлив настап вечерва прикажа Олимпијакос, кој пред својата публика го декласира Виртус Болоња со 109-77.

Анадолу Ефес го отвори денот со убедлив триумф над Жалгирис (92-82), остварувајќи го вториот триумф по ред и осмиот во сезоната.

- Оглас -

Најнови вести