Тешка повреда на фудбалерот што Челзи го плати 80 милиони евра

Кобен беше стартот на подготовките за фудбалерот на Челзи, Весли Фофана, откако младиот 22-годишен стопер заработи тешка повреда. Фофана кој минатото лето беше платен 80 милиони евра за да направи трансфер од Лестер во Челзи, ги скина лигаментите на коленото.

Тоа е сериозна повреда, поради која веднаш била направена и операција, а сега Фофана го очекува повеќемесечна пауза. За Французинот ова е веќе петта повреда на коленото, а ова е најсериозна.

Првичните прогнози се дека паузата ќе трае барем шест месеци, што значи дека тренерот Томас Тухел нема да може да смета на овој фудбалер барем до крајот на 2023 година.

 

- Оглас -

Најнови вести