Тешка повреда на кошаркарот за кого велат дека е „Новиот Јокиќ“ (Видео)

Турскиот кошаркар Алперен Шенѓун, доживеа тешка повреда на мечот Хјустон – Сакраменто кој заврши со победа на домаќините од 112:104. Младиот 21-годишен Шенѓун кој се најавува дека може да биде „новиот Јокиќ“, падна во рекетот заработувајќи тешка повреда на десната нога.

https://twitter.com/i/status/1766986203134328898

Лекарите брзо реагираа, а кошаркарот со помош на количка беше изнесен од теренот.  Засега не се знае колку точно Шенѓун ќе паузира, но најверојатно дека Хјустон го загуби еден од своите најдобри играчи на подолго време.

https://twitter.com/i/status/1766984681109487635

Шенѓун дојде во НБА лигата во 2021 година кога од Бешикташ направи трансфер во Хјустон. За кратко време го покажа целиот свој квалитет, а многумина го споредуваат со Никола Јокиќ. Турчинот е одличен поентер, но знае и да додава, а добро ја врши работата и во дефанзива. Минатата недела на дуелот против Клиперс имаше импресивен трипл-дабл од 23 поени, 19 скока и 14 асистенции.

- Оглас -

Најнови вести