Тешка повреда на првиот пик од 2017 година, и противниците се држеа за глава (Видео)

Првиот пик на драфтот од 2017 година, 22-годишниот бек Маркел Фулц, кој игра за Орландо меџик, синоќа на мечот со Кливленд кавалирс се здоби со тешка повреда на коленото и за негова сезоната е завршена.

Фулц тргна во продор, но без никаков контакт со противнички играч, коленото му „пропадна“ и младиот играч остана да лежи на паркетот со силни болки. Веднаш стана јасно дека повредата е сериозна, а снимките го потврдија најлошото, дека Фулц има скинати лигаменти и сега му претстои операција и долга рехабилитација.

Фулц сезонава имаше просек од 14,3 поени и 6,1 асистенции по натпревар, се пронајде себеси со Орландо, но оваа повреда е голем чекор назад за него. Фулц преку социјалните мрежи се заблагодари за поддршката.

https://twitter.com/i/status/1346976268558819329

- Оглас -

Најнови вести