Тешка повреда на вардаровиот херој, Циндриќ мора на операција!

Лука Циндриќ ќе мора да паузира неколку месеци откако го дислоцираше рамото, а притоа и има повредено лигаменти. Актуелниот член на Барселона, се повреди на самиот старт во мечот со Флензбург, а првичните информации не се оптимистични.

„Се уште не можеме да утврдиме колку ќе треба да паузира Лука, откако ќе биде извршена операцијата. Навистина е голема штета бидејќи ни се повреди многу важен играч“ стои во соопштението од Барселона.

Како што е добро познато, Хрватот беше еден од најзаслужните ракометари за Вардар за освојувањето на првата титула во Лигата на шампионите.

Лука е третиот играч на Каталонците кој што заработи повреда на почетокот од оваа сезона бидејќи пред него на оваа листа се веќе Тимоти Н’Гесан и Аитор Арињо.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести