3.8 C
Skopje
недела, 1 март 2026

Тешка повреда за Емре Џан, ќе го пропушти и Светското првенство

Емре Џан доживеа сериозна повреда и ќе биде надвор од терените подолг период, откако му беше дијагностицирано кинење на вкрстените лигаменти на левото колено.

Капитенот на Борусија Дортмунд се повреди на дербито од 24-тото коло во Бундеслигата против Баерн Минхен (2-3). Емре Џан го започна мечот, но беше заменет во финишот на првото полувреме поради проблемите со коленото.

Спортскиот директор на клубот, Себастијан Кел, изрази жалење за ситуацијата.


„Повредата на Емре Џан е исклучително болна загуба за нас. Тој е наш капитен, секогаш ги става интересите на тимот пред своите и претставува важен столб на клубот. Ќе му ја обезбедиме сета потребна поддршка во наредните месеци за целосно закрепнување“, изјави Кел.

32-годишниот германски репрезентативец ќе го пропушти остатокот од сезоната, како и Светското првенство во текот на летото.

Во сезоната 2025/26, Емре Џан одигра 16 натпревари во сите конкуренции и постигна три погодоци. Тој е член на Борусија Дортмунд веќе шест години и важи за еден од лидерите во соблекувалната на Милионерите.

- Оглас -

Најнови вести