6.8 C
Skopje
среда, 11 февруари 2026

Тешка повреда за голгетерот на Порто, ќе го пропушти и Светското првенство

Напаѓачот на шпанската репрезентација и на Порто, Саму Омородион, нема да може да учествува на Светското првенство 2026 година поради тешка повреда.

Саму ја доби повредата за време на дербито против Спортинг Лисабон пред два дена.
Голгетерот на Змејовите беше принуден да излезе од игра на полувремето во дуелот од 21-вото коло на португалското првенство. Денес клубот објави дека напаѓачот има скинати предни вкрстени лигаменти на коленото.

Според информациите, сезоната за Саму е завршена, што значи дека тој нема да може да настапи за шпанската репрезентација на Мундијалот 2026.

Во тековната сезона во португалското првенство, поранешниот напаѓач на Алавес постигна 13 гола во 20 натпревари.

- Оглас -

Најнови вести