Холандскиот напаѓач Лук де Јонг претрпе сериозна повреда на коленото.
Според денешната потврда од клубот Порто, тој ги скина предните вкрстени лигаменти и ќе паузира околу осум до девет месеци. Тоа практично ја завршува неговата сезона, а прашање е во каква форма ќе се врати во својата 36-та година.
Де Јонг летово пристигна во Порто како слободен играч по истекот на договорот со ПСВ. Во кариерата настапувал за клубови како Твенте, Борусија Менхенгладбах, Њукасл, ПСВ, Севилја и Барселона, а за репрезентацијата на Холандија одиграл 39 натпревари и постигнал осум гола.
Сега е сигурно дека нема да биде дел од списокот на селекторот Роналд Куман за СП 2026 година.
Од доаѓањето во Порто, де Јонг постигна еден гол на седум натпревари, но најчесто беше резерва.

