34.8 C
Skopje
четврток, 28 август 2025

Тешка задача за младинците на патот до ЕП 2021 – Во група со Шпанија, Израел, Црна Гора, Казахстан и Фарски Острови

Македонската репрезентација за играчи до 21 година ќе има тешка задача да се пласира на Европското првенство во 2021 година откако денеска за противници ги доби Шпанија, Израел, Црна Гора, Казахстан и Фарски Острови.

Ова е составот на шестата група на патот кон континенталниот собир за три години во Унгарија и Словенија.

Натпреварите ќе почнат на 18-ти март следната година, а ќе завршат на 13-ти октомври 2020 година.

Коорганизаторите Унгарија и Словенија имаат директен пласман на шампионатот, а ќе им се приклучат деветте победници на групите и една селекција која ќе биде второпласирана и потоа најдобра во бараж-дуелите.

- Оглас -

Најнови вести