Македонската млада фудбалска репрезентација за играчи до 21 година има тешка група во квалификациите за настап на Европското првенство што ќе се игра во 2025 година.
Паднавме во Ц групата со поранешните европски прваци Холандија, која има две титули, и Шведска, која еднаш беше контитентален првак.
Покрај нив, во нашата квалификациска група се и Грузија, Молдавија и Гибралтар, а место на ЕП 2025 има само за првопласираните 9 селекции од сите групи и најдобрите три второпласирани репрезентации.
Останатите шест втори селекции од групите ќе играат баражи за уште три места за учество на ЕП 2025.
Словачка е домаќин на турнирот, а Македонија има еден настап на ЕП, историскиот за нас во Полска во 2017 година.