Тешки гостувања за Србија, Бугарија, Косово и Хрватска

6106 Швајцарија – Србија (20:45 ч.)

Швајцарија очајно ги игра овие дуели од Лигата на нациите и има само еден бод од четири меча. Сепак, кога игра на свој терен, оваа репрезентација многу тешко губи. Србите ги загубија двата гостински дуела во оваа група кај Данска и Шпанија и тешко е да се очекува да изненадат.

Кога играат овие селекции, погодоците не изостануваат и секогаш има најмалку два гола.

Предлог тип: 1Х&2-4 (1.86)

 

6105 Португалија – Полска (20:45 ч.)

Португалија е голем фаворит за победа, додека за Полска најважно е да го задржи третото место во групата и да не испадне од Сегментот А. Овие две селекции во последните 10 години одиграле четирипати и секогаш двете селекции постигнувале барем по еден погодок.

Ќе биде големо изненадување ако Португалија не победи. Се очекува офанзивна игра и погодоци во двете полувремиња.

Предлог тип: 1-3 I & 1-3 II (1.77)

 

6126 Романија – Косово (20:45 ч.)

Директен дуел за првото место. Романија убедливо со 3:0 го победи Косово во Приштина, но факт е дека Косово по тој меч одигра три одлични меча и има девет бода. Сепак, Косово во трите претходни средби со овој ривал нема дадено ниту еден погодок.

Косово најчесто игра цврста одбрана, но тешко ќе биде да се одолее на нападот на домаќините.

Предлог тип: 1&0-3 (2.85)

 

6104 Луксембург – Бугарија (20:45 ч.)

Двете селекции имаат шанси и свои калкулации во груптата од Сегментот Ц, иако ретко победуваат. Луксембург има само две ремија и дури четири порази во последните шест средби што ги одира, додека Бугарите имаат само еден триумф во последните седум средби.

Овие две селекции одиграле дури 15 меѓусебни меча и Луксембург никогаш не победил, но последните три пресметки со Бугарите завршиле нерешено.

Предлог тип:1Х&0-3 (1.69)

 

6103 Шкотска – Хрватска (20:45 ч.)

Шкотите се очајни имааат пет порази и три ремија во последните осум меча. Хрватска ќе мора да брка победа за да остане во трка за првото место во последното коло.

Двете селекции имаат несигурни одбрани, а и двата меча кои ги одиграа меѓу себе во последниве неколку години завршија со многу погодоци.

Предлог тип: ГГ3+ (2.35)

- Оглас -

Најнови вести