Тешки тврдења: ФИФА стои зад проектот „Суперлига“?

„Њујорк тајмс“ тврди дека Светската фудбалска куќа, или ФИФА, стои зад проектот наречен „Суперлига“. Џани Инфантино како прв човек на светската фудбалска федерација правел шоу за јавноста со својот официјален став дека е против формирање на елитно првенство од затворен тип, додека во позадина работел на тоа најбогатите клубови да се отцепат од УЕФА.

Проектот кој минатиот месец ја здрма фудбалска Европа пропадна по само 48 часа по протисоците на фановите и континенталната федерација. Еден по еден клуб, почнувајќи од англиските Челзи и Манчестер сити, се откажуваа од идејата со цел да не се најдат во судир со своите навивачи и воедно да не бидат исфрлени од интернационалните натпреварувања.

Според „Њујорк тајмс“, Инфантино ќе го дадел својот глас ЗА формирање на Суперлигата, доколку навивачите го прифатеа тоа. Во меѓувреме проектот е во застој, според Флорентино Перес привремено, па затоа Реал Мадрид, Барселона и Јувентус се единтвените клубови од основачите кои досега не се откажаа како останатите девет гиганти.

- Оглас -

Најнови вести