Тешко без навивачите, тие го поттурнаа Еурофарм Пелистер до голема победа над Спортинг

Еурофарм Пелистер со победата над Спортинг Лисабон од 31-25 вечерва во Битола, се најде во добра позиција да го освои второто место во својата група од ЕХФ Европската лига.

Пелистерци во првото полувреме играа променливо, имаа и предност од три гола, но и иста таква негатива, но сепак на пауза заминаа со минимална позитива. Во вторите 30 минути, бодрени од публиката, домашните направија убава предност која им донесе значаен триумф.

Мандалиниќ и Периќ со по 7 гола беа најефикасни кај Е. Пелистер, а голманот Секељи имаше 12 одбрани.

- Оглас -

Најнови вести