Легендарниот хрватски фудбалски тренер, 87-годишниот Мирослав Ќиро Блажевиќ, се бори со рак на простатата, а и покрај лошите прогнози и нарушеното здравје, не се предава, туку со помош на син му прошета низ центарот на Загреб.
Прошетката ја фотографираа од порталот „24 часа“, а на фотографиите се гледа дека Ќиро е ослабен во однос на неговиот изглед од пред некое време кога се појави во јавноста.
Но, добро е што уште е на нозе и дотеран во негов стил, со капут и шал, таков победник не се предава лесно.