Тешко дека Милионерите ќе може да одбијат – Европскиот првак нуди богатство за Халанд

Од таборот на Борусија Дортмунд и натаму стојат на ставот дека Ерлинг Халанд летово нема да биде продаден, но на адреса на Милионерите стигна неверојатна понуда од европскиот првак Челзи која тешко може да се одбие.

Имено, Сините се подготвени да платат дури 170 милиони фунти, односно околу 200 милиони евра за да го засилат нападот во пресрет на новата сезона. Приоритет на Томас Тухел е врвен голгетер, а во Халанд токму тоа ќе го добие доколку оперативците на Челзи успеат во оваа мисија.

Втора опција за Челзи е 150 милиони евра плус Тами Абрахам во пакет, англискиот напаѓач кој е еден од 11-темина играчи на лондонскиот клуб кои се ставени на трансфер-листата.

Иако во летото 2022 година Халанд ќе биде достапен за „само“ 75 милиони евра при активирањето на неговата клаузула, Челзи, односно сопственикот Роман Абрамович нема проблем да плати тројно повеќе за уште во наредниот период ја доведе норвешката гол-машина на „Стемфорд бриџ“.

Со освоената титула во ЛШ, амбициите на Челзи се напад на титулата во Премиер лигата, а со Халанд шансите за нов успех во англиското првенство дефинитивно ќе бидат поголеми.

- Оглас -

Најнови вести