Тешко дека некој ќе го препознае легендарниот напаѓач

Депортиво ла Коруња на почетокот на 21 век имаше феноменална екипа, од која се плашеа и голем број европски великани. Во 2000 година, Ла Коруња стана шампион на Шпанија оставајќи ги зад себе Реал Мадрид, Барселона, Атлетико Мадрид, Валенсија… Потоа уште двапати стигна до второто место во Примера и неколку сезони имаше забележителни настапи во Лигата на шампионите.

Еден од фудбалерите кои го одбележаа блескавиот период на Депортиво ла Коруња е Диего Тристан, кој на „Ријасор“ пристигна во 2000 година, по освојување на титулата.Тристан одигра блескави неколку сезони и во 254 настапи постигна 111 голови.

Во 2006 година се врати во Мајорка, а потоа по една сезона играше и во Ливорно, Вест хем и Кадис. Кариерата ја заврши во 2010 година. Одигра и 15 меча за шпанската репрезентација и даде четири гола.

За разлика од деновите кога беше активен на теренот, Тристан, кој денеска има 45 години, очигледно дека максимално се опуштил од тренингот и сега делува потполно физички непрепознатливо од деновите кога блескаше на теренот.

 

- Оглас -

Најнови вести