Тешко дека некој нема да најде забелешка, УЕФА го објави идеалниот тим на ЕВРО 2024 (Фото)

Тенхичката комисија на УЕФА го одреди идеалниот тим на Европското првенство во фудбал кое се играше во Германија и заврши во неделата.

Како и секогаш, и овојпат никој нема да се согласи дека ова се најдобрите 11-мина, очигледно е дека се правеле разни компромиси.

Според УЕФА, најдобар голман на ЕП бил Французинот Маик Мењан. На позицијата десен бек ставен е Кајл Вокер како единствен Англичанец во идеалниот тим. Лев бек е Марк Кукурелја, еден од шесте Шпанци во овој состав во формација 4-3-3.

Французинот Вилијам Салиба и Швајцарецот Мануел Аканџи биле најдобри централни дефанзивци.

Средниот ред е составен од Шпанците Родри, Фабијан Руис и Дани Олмо.

Најдобри напаѓачи биле шпанските крила Ламин Јамал и Нико Вилијамс, со Џамал Мусијала како „деветка“ во шпицот.

- Оглас -

Најнови вести