Тешко е да се поверува дека атлетичаров е малолетен

Едвард Закојо Пингуа, кој победи на трката на 5.000 метри во Дијамантската лига во Рабат, предизвика големи полемики во јавноста поради изгледот и возраста.

Верувале или не, според официјалните документи со кои Кениецот е пријавен во ИААФ, тој има само 17 години. Тој стана и африкански првак на првенството за атлетичари до 20 години. Пингуа е член на Бенфика од Лисабон, а од клубот не сакаа да ги коментираат шпекулациите дека Кениецот има фалсификувани документи.

Колку години и да има, тој сезонава е во добра форма, најдоброто време го имаше во Рим, кога петте километри ги истрча за 13 минути и 3 секунди.

- Оглас -

Најнови вести