Тешко е, но подобро пекол отколку дождови

Организаторите на тенискиот гренслем турнир Вимблдон во Лондон се уверени дека ги презеле потребни мерки на претпазливост за да се справат со топлотниот бран на првиот ден од турнирот.

Денеска ќе биде еден од најжешките денови во јуни во некои делови од Велика Британија, при што се очекува температурите да надминат 30 степени Целзиусови.

Веројатно ќе се воведе правило за дополнителна пауза од 10 минути помеѓу вториот и третиот сет за жени и помеѓу третиот и четвртиот сет за мажи, но ова би можело да биде пеколен и за навивачите и за службените лица.

„Очигледно е многу топол ден. За нас Британците е многу жешко. Не сме навикнати на овие температури, но сме апсолутно подготвени за нив и всушност сме среќни што е сончево, а не влажно како што беше минатата година“, рече извршната директорка на турнирот, Сали Болтон.

- Оглас -

Најнови вести