Новото 20-то коло на Спортската прогноза е во тек, а сè уште се чека мајсторот што ќе ги погоди сите 13 двојки и ќе се закити со прекрасната награда, мобилен телефон IPhone XS што го доделува Sport Life.
Досега имаше неколку кола во кои бевте блиску до главната премија, но ајфонот што е главна награда во нашата бесплатна игра сè уште го чека првиот сопственик во втората сезона на Спортска прогноза.
И овојпат има интересни парови, а прогнозирањето е лесно и сè што треба е да имате СЛ картичка од Sport Life за да се приклучите во трката за наградите.
Прогнозирањето за ова коло ќе заврши во сабота, во 15 часот, кога почнува и првиот меч меѓу СПАЛ и Болоња во Серија А.
Има многу интересни двојки на менито, а во фокусот, секако, ќе биде римското дерби меѓу Рома и Лацио што ќе се игра во недела од 18 часот.
Награди се предвидени за сите прогнозери што ќе погодат 13-ка, а им следува ајфон, но и една и две утки носат вредни награди. За погодени 12 двојки ви следува ваучер од Sport Life во вредност од 1.000 денари, додека за 11 погодоци ваучерот е со вредност од 500 денари.
Многу интересна веќе подолго време е и трката за шампион во Генералниот пласман. Христијан Т. веќе подолго време е лидер и засега е најблиску до главната награда Смарт ТВ од 48 инчи што ќе биде доделен по завршувањето на сезоната.
Убави награди има и за пласман во Топ 5, а ќе се доделуваат 500.000 СЛ Маркет поени за второпласираниот, 400.000 за третото место, 300.000 за четвртопласираниот и 200.000 за петтото место на конечната табела.
Тука е многу важно да се погодуваат и резервните два пара во секое коло бидејќи во Генералниот пласман се сметаа и поените од тие две двојки.
За ова коло „резерви“ се двата дерби-дуели од Ла Лига и од Серија А, меѓу Валенсија и Барселона, односно Наполи против Јувентус.
Приклучете се и играјте Спортска прогноза, игра што е бесплатна, забавна и носи вредни награди.