Бразилската фудбалска ѕвезда Нејмар поради повреда не може да игра на Копа Америка, но емотивно ги следеше мечевите на Кариоките на ова првенство. Четвртфиналето против Уругвај не го гледаше од трибините, туку гледаше на телефонот додека се забавуваше во еден ноќен клуб каде што шоу имаше пејачот Тијагињо.
Сепак, кога виде дека Бразил е елиминиран на пенали, веќе не му беше до забава, се расплака, а пријателите го тешеа.
https://twitter.com/i/status/1810024746475716749