Тешко гостување за Столе во Баскија, Ливерпул има шанса да му се одмазди на Нотингам

3003 Лацио – Торино (18.00 часот)

Лацио се наоѓа на второто место на табелата благодарение на четирите победи по ред (Рома, Монца, Јувентус и Специја), додека Торино е безбеден на средина на табелата иако четири кола е без победа. Последните четири меѓусебни средби завршија нерешено, а резултатите без 0:0 и 1:1.

Предлог тип: 1Х & 1+ прво (2.15)

 

1802 Мајнц – Баерн М. (15.30 часот)

Баерн Минхен мора да им се врати на победите бидејќи Борусија Дортмунд му дише во врат во трката за титулата. Баварците во средата го завршија настапот во Лигата на шампионите играјќи 1:1 против Манчестер сити, а минатата недела не успеа да го победи Хофенхајм пред своите гледачи. Мајнц се наоѓа во неверојатна форма, девет меча е без пораз, и се искачи на осмото место на табелата со шанси да обезбеди пласман во евроските купови. Последните два меѓусебни меча кои се играа во Мајнц и тоа во рамки на Бундеслигата, ги доби домашниот тим, но баварците немаат друга опција освен да одат на победа.

Предлог тип: 2 & 0-4 (2.14)

 

1304 Реал Сосиедад – Рајо В. (18.30 часот)

Тимот на голманот на македонската репрезентација Столе Димитриевски, Рајо Валјекано, го очекува тешко гостување во Баскија. Реал Сосиедад се наоѓа на четвртото место на табелата во 51 бод, три повеќе од Бетис, четири од Вилјареал, и во последните осум кола го чека тешка борба за пласман во Лигата на шампионите. И Рајо има шанса да игра во Европа следната сезона, но, фаворитската улога ја има баскискиот тим. Првиот меч сезонава кој се играше во Мадрид, заврши со триумф на Реал Сосиедад од 2:0.

Предлог тип: 1 & 1+ второ (2.25)

 

1806 Борусија Д. – Ајнтрахт (18.30 часот)

Дербито на колото во Бундеслигата се игра на „Сигнал Идуна Парк“ каде Борусија Дортмунд го пречекува Ајнтрахт Франкфурт, во натпревар на два тима кои сезонава играа во Лигата на шампионите. Борусија е втора на табелата со два бода помалку зад лидерот Баерн, додека Ајнтрахт е седми. Головите се задолжителни на меѓусебните натпревари, а последен пат кога биле постигнати помалку од два гола било во 2016 година.

Предлог тип: 1-3 I & 1-3 II (1.82)

 

1004 Ливерпул – Нотингам Ф. (16.00 часот)

Ливерпул има шанса да му се одмазди на Нотингам Форест за поразот во првиот дел од сезоната (1:0), а згора на тоа победата е императив бидејќи сè уште постојат шанси да обезбеди пласман во Лигата на шампионите. Црвените играат променливо сезонава, но во последниот натпревар славеа со убедливи 6:1 на гостувањето кај Лидс,додека Нотингам се наоѓа во серија од три порази по ред и е во зоната на испаѓање.

Предлог тип: 1-1 & 3+ (2.04)

- Оглас -

Најнови вести