Тешко ќе им биде на екипите кои бркаат спас во Англија, Шпанија и Франција

1002 Лидс – Челзи (20:30 ч.)

Многу важен меч за двете екипи. Лидс сега е во зоната за испаѓање и едноставно на свој терен мора да атакува на освојување бодови. Челзи е трет, но уште нема официјално обезбедено место во Лигата на шампионите за следната сезона, па затоа сигурно ќе оди на победа.

Есеноска одиграа интересен меч на „Стемфорд бриџ“ кој заврши 3:2 за Челзи, а во три од четирите последни меѓусебни меча било ГГ3+.

Предлог тип: ГГ3+ (1.94)

 

1306 Севилја – Мајорка (20:30 ч.)

Севилја нема да има милост кон гостинот кој доколку не освои некој бод плус во последните три кола, ќе испадне. Мајорка на гости игра очајно и освои само 8 бода во 17 меча, па затоа е и во зоната за испаѓање.

Домаќинот треба лесно да победи против ривалот кој ја има втората најслаба одбрана во Примера дивисион затоа што Мајорка просечно прима речиси по два гола на дуел.

Предлог тип: 1-1 (2.60)

 

1701 Ница – Сент Етјен (19 ч.)

Ница се обидува да се најде на место кое води излез во Европа за следната сезона, додека трофејниот Сент Етјен е пред испаѓање. Стилот на игра на Ница е дефанзивен, па не случајно во 11 од последните 14 меча игра со максимум два гола, а последните четири средби биле со еден погодок.

Сент Етјен има очајна одбрана, па досега прими 70 гола во 35 кола, но ако сака некогашниот првак да се надева на позитивен резултат од ова гостување, мора да одигра цврсто во дефанзивата.

Предлог тип: 0-2 (2.25)

 

1635 Утрехт – АЗ Алкмар (20 ч.)

Утрехт има обезбедено место во плејофот за борба за место во Конференциската лига, додека АЗ Алкмар се бори за место во Лигата на Европа.

Есеноска АЗ дома победи убедливо со 5:1 и сега ним трите бода им се многу повеќе потребни, па мотивот кај гостите да стигнат до триумф е поголем.

Предлог тип: 2 (2.15)

 

1242 Данди јунајтед – Селтик (20:30 ч.)

Селтик е подготвен вечерва да слави нова титула во шкотското првенство. Само еден бод му е доволен на Селтик во последните две кола за да биде и официјално крунисан во првак, но сигурно дека гостите во стил ќе сакаат да завршат.

Во 12 од последните 14 меѓусебни дуели, Селтик победувал и тоа најчесто било прилично лесно.

Предлог тип: 2&2-4 (1.73)

- Оглас -

Најнови вести