Јаник Синер после поразот од Карлос Алкараз во неверојатното и најдолго финале во историјата на „Ролан Гарос“, изјави дека полесно му е да игра отколку да зборува и да дава изјави.
Синер беше на прагот на победа, водеше 2-0 во сетови, во четвртиот пропушти три меч-топки по ред и на најтешкиот начин првпат виде како е да се загуби гренслем финале.
„Полесно е да се игра отколку да се зборува. Пред неколку месеци ќе потпишев да се најдам во оваа позиција, дури и ако сега ми е тешко да го прифатрам поразот. Нема да спијам многу вечерва. Честитки за Карлос, го заслужи ова“, изјави Синер.
Шпанецот Алкараз го тешеше колегата.
„Знам дека е тешко во моментов. Знам колку сакаш да го освоиш овој турнир. Знам дека ќе бидеш шампион многу пати. Уживам што го делам теренот со тебе. Среќен сум што испишавме историја. Ти си инспирација за младите луѓе“, беше пораката на Алкараз до Синер.