Отсуството на Садио Мане кај Сенегал и на Мемфис Депај кај Холандија е прилично сериозен хендикеп за овие две репрезентации, а тоа се гледаше и за време на првото полувреме на дуелот од Светското првенство во Катар.
Немаше многу шанси и шутеви кон головите, одбраните се покажуваат како подобри од нападот по првите 45 минути.
За разлика од првите два меча на СП во Катар, каде што имаше голема разлика во квалитетот меѓу ривалите, овој меч е најизедначен досега, а африканскиот првак потврди дека е незгоден за европските противници, од кои не знае за пораз на Мундијалите. Холандија во својата историја само двапати има загубено мечеви од групна фаза на СП.