Необична ситуација се случи на натпреварот помеѓу женските тимови на Милан и Рома. Римскиот тим требаше да изведе удар од аголот на петерецот, но дојде до недоразбирање на голманката и дефанзивката на Рома.
Голманот Ракеле Балди ја допре топката, сакаше да додаде, тоа не го сфати нејзината колешка, па фудбалерка на Милан се стрча кон топката во обид да даде гол. Таа беше побрза од дефанзивката на Рома, а голманката иако не смееше да игра со топката, сепак ја шутна и спречи примање гол. Поради ова, доби директен црвен картон.
Таа долго се чудеше зошто добила црвен. Објаснувањето е дека исклучувањето го заслужила бидејќи непрописно спречила шанса за гол со тоа што топката ја шутнала по вторпат. Милан изведе индиректен удар. Ова се случи при 0-0, а 15 минути подоцна Милан даде гол и победи со 1-0.
Погледнете ја целата чудна ситуација и проценете дали голманката Балди играше контра правилата и дали требаше да добие црвен картон: