Тестирање на ракети во Бостон

Кливленд кавалирс – Индијана пејсерс (кошарка, НБА, 02.00 часот)

Кавалирс е на делба на последната позиција на Истокот, додека Пејсерс се бори за што подобра позиција во плејофот. Индијана излезе од кризата, после серијата од шест порази, има четири победи на последните пет меча, но од друга страна Кливленд дома има три победи по ред. Традицијата најавува дека ако гостите дадат над 100 поени, ќе слават. Кај Коњаниците ќе го нема Андре Драмонд.

Предлог тип: Т2 <111.50 (1.80)

 

Мемфис гризлис – Лос Анџелес лејкерс (кошарка, НБА, 02.00 часот)

Лејкерс има седум победи едноподруго, а покажа дека може да биде опасен и без Леброн Џејмс кој според најавите веројатно нема да игра ни вечерва. Евентуалното отсуство на Џејмс е единствената надеж на Гризлис дека може да приреди изненадување и да ја запре црната серија од пет порази по ред. Мемфис е осми на Западот со две победи плус во однос на Њу Орлеанс, а во ноември, дома загуби од Езерциите со минимални 108-109.

Предлог тип: 2 (1.47)

 

Бостон селтикс – Хјустон рокетс (кошарка, НБА, 02.30 часот)

Бостон ако победи, ќе се израмни со Торонто кој е втор на Истокот. Но, Хјустон има пет победи по ред и на последните четири меча редовно дава над 120 поени. Двата тима имаат по 8-2 на последните десет меча. Селтикс дома не загубил од 18 јануари, па затоа веруваме дека единицата е поблиску отколку двојката. Најголем проблем за Келтите ќе биде да ги запрат Харден и Вестбрук кои заедно дадоа им 78 поени кога овие тимови се сретнаа на почетокот на месецов.

Предлог тип: 1 (1.85)

 

Феникс санс – Голден стејт вориорс (кошарка, НБА, 03.00 часот)

Вориорс е најслаб тим во лигата со само 12 победи, а Феникс има двојно повеќе триумфи, но подобар е од само два тима на Западот. Голден стејт има осум порази по ред, а ова би требало да биде нивен последен меч без Стеф Кари во составот. Бекот закрепна од повредата и би можел да заигра утревечер, со тоа и Воините ќе бидат поопасни. Затоа, сега му е шансата на Санс да слави. И Феникс е во лоша форма, тоа го покажа со поразот од Детроит синоќа.

Предлог тип: <225.50 (1.80)

 

Сент Луис блус – Далас старс (хокеј, НХЛ, 02.00 часот)

Ова е дерби на западната конференција во НХЛ лигата. Блус е лидер, а Старс е трети, разликата помеѓу нив е тесна. Сент Луис има шест победи по ред, додека Ѕвездите во последните шест меча имаат по три победи и порази. Пред една недела, Сент Луис го разби Далас со 5-1 и тоа во Тексас, а на 9 февруари во Сент Луис, Далас славеше со 3-2 со златен гол откако во регуларен дел средбата заврши 2-2.

Предлог тип: 1 & 5+ (3.44)

- Оглас -

Најнови вести