Тестирано новото револуционерно офсајд правило, бројот на голови зголемен за 10 отсто

Новото офсајд правило кое во изминатиов период го тестираше Светската фудбалска федерација (ФИФА), придонесе за зголемување на бројот на погодоци за 10 отсто.

Шефот за развој на фудбалот при ФИФА, легендарниот тренер Арсен Венгер, пред неколку месеци предложи тестирање на потенцијалното ново офсајд правило. Во изминативе два месеци, во младинските лиги во Италија се тестираше правилото и било забележао дека има зголемување на бројот на погодоци за 9,8 отсто.

Правилото вели дека напаѓачот нема да биде во офсајд се додека било кој дел од неговото тело со кој може да постигне гол е во линија со дефанзивниот играч на противничката екипа.

По новото правило, фудбалерот би бил во офсајд само доколу постои визуелно одвоен простор меѓу играчот кој е во напад и дефанзивецот.

Според новото правило, стуациите во која се најде Кристијано Роналдо  и беше во офсајд, сега ќе биде во дозволена ситуација.

- Оглас -

Најнови вести