Денешните резултати во Втората македонска лига донесоа испаѓање на Тетекс, а губитник е и прилепска Победа која треба да игра бараж за опстанок, додека Осогово и Каменица Саса се спасија и остануваат второлигаши.
Тетекс беше поразен на гости од Башкими со 0-1, Победа загуби дома од новиот прволигаш Беса со 1-5, додека Каменица Саса го порази Вардар Неготино со 5-3, а Осогово немаше проблем со второпласираниот Пелистер, победувајќи го со 3-0.
Од претходно беше познато дека во трета лига се сели Караорман и дека бараж за влез во прва лига против скопски Вардар ќе игра детонит Плачковица.