Тетовските Црвено-црни подобри од скопските Црвено-црни, Радески донесе нова победа на шампионот

Фудбалерите на Шкендија славеа со 0:2 на гостувањето кај Вардар во рамки на 10-то коло во Првата фудбалска лига.

Шкендија поведе со фантастичниот гол на Максимов постигнат во 65-та минута и тоа со шут од 20-тина метри. Потоа Вардар тргна во офанзива, направи три стоотстотни шанси, но не успеа да ја затресе мрежата на противникот по што во судиското продолжение, Спахиќ ја завери победата на Шкендија.

Со победата, Шкендија остана лидер на табелата со 23 освоени бода, додека Вардар е последен со само пет освоени бодови.

Во вториот денешен дуел со кој се затвори десеттото коло, шампионот Струга ТЛ со 2:0 го совлада Силекс. благодарение на двата гола на Марјан Радески.

Првиот гол, Радески го постигна во 18-та минута, а вториот гол го постигна во 69-та минута.

Струга со победата го прескокна Силекс на табелата и сега е на третата позиција, додека кратовчани останаа на 16 бода за четврто место.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести