Тетовци не чекаат многу, едно полувреме е доволно за топ-тикет со чист ќар од 2.000 евра (Фото)

Со тикет што важи само едно полувреме во Тетово е остварена топ-добивка во Sport Life во вредност од 132.684 денари, а уплатени се само 70 денари на шест натпревари.

Четири од нив се прецизно погодени со многу популарната игра Гол-гол во прво полувреме, а преостанатите два се „фатени“ со играта домаќинот и гостинот да постигнат најмалку два гола, исто така во првото полувреме.

КОЕФИЦИЕНТИТЕ СЕ ГОЛЕМИ И НЕ СЕ ЧЕКА МНОГУ

Коефициентите се големи, овде се движат од 3.25 до 3.80, а ваквите добивки се најслатки бидејќи се брзи и ако се погоди, ќе имате добитен тикет во игра што важи само за првото полувреме.

Сите натпревари на тикетот уплатен во Тетово се од саботата, а почна одлично со два брзи гола на Пројсен Минстер на гостувањето кај вториот тим на Фортуна Дизелдорф.

Тука е одиграно Т2 2+ прво полувреме, односно гостите да дадат најмалку два гола во првиот дел, а тие тоа го сторија до 18-тата минута.

Истата игра, но овојпат во главна улога да бидат домаќините со најмалку два гола во првото полувреме е одиграно и на мечот во пониските англиски лиги меѓу Енфилд Таун и Херни Беј.

По првиот дел беше 2:1 за Енфилд, па останаа уште четири меча, сите играни ГГ1.

На три од нив беше многу драматично со голови што беа потребни, а паѓаа во последните 3-4 минути од првото полувреме.

Само на дуелот меѓу Ајнтрахт и Борусија Дортмунд релативно рано, до 26-тата минута беше 1:1, па тикетот излезе добитен со нето-добивка од 112.781 денари.

ШАРМАНТЕН МИКС ВО БОСИЛОВО ДОНЕСЕ ДОБИВКА ОД НАД 120.000 ДЕНАРИ

Во струмичко Босилово интересен микс од 11 натпревари донесе радост и добивка од 128.230 денари во бруто-износ со уплата од 100 денари.

Сите натпревари се играа во петокот и се погодени прецизно, а проблематично беше само на еден натпревар.

Мечот од Втората шпанска лига меѓу Тенерифе и Сарагоса е одигран со знакот 1-2 гола, што значи дека мора да има барем еден погодок и не повеќе од два.

Гостите поведоа со 2:0 во 67-мата минута и во преостанатото време не смееше да има погодок за да има добивка во Босилово.

За среќа на обложувачот со уплатен тикет во Sport Life, тоа и се случи, мечот заврши 0:2 за убав ќар од околу 2.000 евра.

ВО ЃОРЧЕ ПЕТРОВ ИМА ЛАВОВСКИ ТИКЕТ ОД 93 ИЛЈАДИ ДЕНАРИ, ЗА ДОБИВКА ПОМАГАА  ГОЛОВИ ВО 90-ТАТА И 97-МАТА МИНУТА

Во скопската населба Ѓорче Петров е одигран добитен тикет во Sport Life со шест пара, сите во комбинација од конечен исход и голови и за уплата од 100 денари донесе добивка од 92.849 денари в бруто-износ.

Сите шест натпревари се играа вчера, а почна со петардата на Арсенал против Нотингам форест за фатен знак 1&3+.

Во исто време од 15 часот Фиорентина со гол во 90-тата минута ја победи Специја со 2:1 за погоден знак 2&ГГ, а Монако славеше со Анже со 2:0 таман за погоден тип 1&2-4.

Нова драма, и тоа најголема од сите шест натпревари се случи во Берлин, а тука обложувачот од Ѓорче Петров имаше невидена среќа.

Се чекаше победа на Унион против Борусија Менхенгладбах и Гол-Гол во комбиниран знак, или 1&ГГ за да остане тикетот во игра.

Лидерот во Бундеслигата губеше со 0:1 до 79-тата минута, а потоа се случи чудо. Берлинци израмнија на 1:1 и потоа и победија со 2:1 со гол во 97-мата минута.

Потоа сè одеше како под конец, Манчестер јунајтед и Фрајбург победија во посакуваните варијанти што беа и одиграни на тикетот за нето-ќар од околу 79 илјади денари по одбиениот данок.

 

- Оглас -

Најнови вести