Тевес даде гол за Бока и прослави со дрес на Марадона со кој Диего даде познат гол во 1981 (Видео)

Бока јуниорс со 1-0 го победи бразилски Интернасионал и тоа беше доволно за аргентинскиот гигант да се најде во осминафиналето на Копа Либертадорес. Стрелец на голот беше 35-годишниот Карлос Тевес, кој во Бока го носи дресот со бројот 10, дрес кој некогаш го носеше и славниот, сега веќе покоен Диего Марадона.

Тевес голот му го посвети на Марадона, а при прославата покажа дрес на Бока од 1981 година, со кој Марадона постигна еден од најпознатите голови за Бока. Притоа Тевес ја бакна капитенската лента која беше во боите на аргентинското знаме со слика на Марадона во дрес на Бока.

Ова е голот на Марадона од 1981 против Фиљол, кој беше инспирација за прославата на Тевес:

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести