Тевес почнува нова ера, стана менаџер на Росарио и за помошник си одбра стручњак за хокеј на трева

Карлос Тевес почнува ново поглавје во кариерата и е именуван за нов менаџер на Росарио сентрал, екипа со 132-годишна историја и прволигаш во Аргентина.

Популарниот Ел Апаче лани на 37-годишна возраст ја заврши фудбалската кариера и сега почнува тренерска со прв предизвик во Росарио, тим од неговата родна Аргентина.

Именувањето на Тевес го потврди и Росарио сентрал, а интересна е одлуката помошник-тренер да му биде Карлос Ретеги, кој е стручњак во сосема поинаков спорт од фудбалот.

Ретеги е познат како тренер во хокеј на трева, а како селектор на Аргентина ги предводеше Гаучосите до големи успеси, и злато и сребро на олимписки игри.

Комбинацијата е интересна и Тевес се надева на добар старт во новиот дел од кариерата, сега како фудбалски тренер.

 

- Оглас -

Најнови вести