Тежок дебакл, кошаркарките загубија со 71 поен разлика!

Женската репрезентација на Македонија беше декласирана на гостувањето кај Белгија со 41-112 во меч од квалификациите за Евробаскетот 2023. Првата четвртина Белгијките ја добија со неверојатни 34-3, што покажува колкава беше разликата во квалитет.

Во македонскиот тим, Јелена Антиќ даде 15, а Александра Стојановска 14 поени, додека Мерит Хемпе, која е Американка со македонски пасош, на дебито во црвено-жолтиот дрес имаше само по 4 поени и скокови за 31 минута игра.

Македонија сега ја пречекува Германија.

- Оглас -

Најнови вести