Тежок ден за португалскиот фудбал – Почина легенда со две Златни копачки која има играно против Вардар

Тежок ден за португалскиот фудбал по веста дека почина легендата Фернандо Гомеш на 66-годишна возраст.

Гомеш играше за Порто, Спортинг Хихон и Спортинг Лисабон, а во кариерата постигна над 400 гола.

Тој беше еден од најдобрите стрелци во Европа во првата петолетка од 80-те години на минатиот век и двапати во тој период беше најдобар голгетер на Стариот континент.

Првата Златна копачка ја освои во 1983 година, а втората во 1985 година, двапати како член на Порто.

Во 1987 година беше европски првак со Порто и веднаш следната сезона ја почна одбраната на титулата со двомеч против скопски Вардар.

Гомеш играше и во Скопје и во Порто и како капитен го предводеше португалскиот и тогаш актуелен европски првак до две победи од по 3:0 против Вардар.

 

- Оглас -

Најнови вести