Тежок е поразот од Медведев – Се расплака Ноле при емотивниот говор во Њујорк (Видео)

Новак Ѓоковиќ не издржа и заплака во емотивниот говор во Њујорк, по тешкиот пораз со 0.3 во сетови во финалето на Отвореното првенство на Америка.

Данил Медведев беше подобар и го спречи српскиот ас да го спои календарскиот гренслем со четири титули на најценетите четири тениски трунири, а патем и да ја освои рекордната 21-ва гренслем-титула.

Русинот славеше трипати со 6:4 и за првпат освои гренслем-титула во третото финале на најголемите тениски турнири.

Ѓоковиќ честопати го имаше најголемиот противник во Њујорк токму во публиката, каде што и не е многу омилен, но сега го поздравија со овации при емотивниот говор.

 

Српскиот ас не го повтори подвигот на Род Лејвер од пред 52 години и по пехарите во Мелбурн, Париз и Лондон, на ОП на  Австралија, Ролан Гарос и Вимблдон оваа година, не успеа да стигне до посакуваната титула во Њујорк, Отвореното првенство на САД.

https://twitter.com/Wimbledon/status/1437192411013337089?s=20

Со Роџер Федерер и Рафаел Надал останува во триото тенисери со по 20 гренслем-титули, најмногу во историјата на играта.

 

 

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести