Тежок кикс на новиот голман, и голчиште на Красниќи за реми на Шкендија со ЦСКА (Видео)

Шкендија и ЦСКА Софија попладнево одиграа контролен меч во Словенија кој заврши 1-1. Македонскиот првак се спаси од пораз во 84-та минута со прекрасен гол на Ендрит Красниќи кој со прецизен неодбранлив шут од далечина по кој топката заврши во горниот агол, донесе заслужено израмнување.

Армејците поведоа во 60-та минута со гол на Теодор Иванов кој дебитираше во дресот на 31-кратниот бугарски првак, а огромна заслуга за погодокот има и новиот голман Бабукар Гај на Шкендија кој дојде од Воска спорт. Гај многу неспретно интервенираше во една навидум лесна ситуација која наместо да ја собере топката, ја испушти од раце, и Иванов ги искорист подарокот.

Целиот меч може да го погледнете тука:

- Оглас -

Најнови вести