Тежок кикс на техниката на Вимблдон, топчето беше во длабок аут, а системот кажа поле (Видео)

Денеска на терените на тенискиот гренслем турнир Вимблдон се случи голем скандал, во една спорна ситуација на мечот Анастасија Пављученкова – Сонај Картал, електронскиот систем „се расипа“ и не го регистрираше очигледниот аут.

Руската тенисерка требаше да го освои поенот при гејм топка и водство од 4-4, но електронскиот систем на Вимблдон се расипа и не го регистрираше чистиот аут на Картал. Судијата на крајот одлучи да го повтори поенот. Картал на крајот направи брејк и поведе со 5-4.

Оштетената Пављученкова му викаше на судијата: „Ми го украдовте гејмот“.

Судијата одговори: „Морам да му верувам на системот. Нема што да се направиме такви се правилата“.

Пављученкова со солзи во очите повторуваше дека гејмот е украден.

Ова беше сериозна грешка што можеше да има огромно влијание врз целиот натпревар, но тоа не се случи. Правдата сепак беше задоволена и на крај Русинката ги освои и првиот и вториот сет, и се пласираше во следната рунда.

- Оглас -

Најнови вести