Анадолу Ефес одигра совршен меч во „Блауграна“ и со неверојатен резултат од 102:68 ја нокаутираше Барселона во третиот меч од четвртфиналната серија до 3 победи во Евролигата.
Турскиот состав доминираше од почетокот до крајот, ги доби сите четири периоди од по 10 минути, а конечниот резултат е сензационален.
Шејн Ларкин повторно одигра меч за паметење, постигна 30 поени само со една утка, и тоа за тројка. Плејс и Мициќ постигнаа по 14 поени кај гостите кои одиграа неверојатен меч.
Барса потона по триумфот во вториот меч во Истанбул и сега не смее да си дозволи пораз во следниот меч или два ако успее да израмни на 2-2.
Адам Ханга со 13 поени беше најефикасен кај Каталонците, кои го доживеаја еден од најтешките порази на домашен терен во Евролигата.