Вилјареал и Челзи се последните четвртфиналисти во Лигата на шампионите по победите вечерва на гостински терен во Торино и во Лил.
Популарната Жолта подморница го потопи Јувентус со два гола во последните 15-тина минути, победи со 3:0 и со вкупен резултат од 4:1 се најде меѓу осумте најдобри екипи во Европа.
Морено погоди од белата точка во 78-мата минута, а нокаут за Старата дама испорачаа Пау Торес со нов гол во 85-тата минута и Данџума во 91-вата минута со уште еден пенал за гостите од Шпанија.
Шпанците и Англичаните ќе имаат најмногу екипи во четвртфиналето, по три, а Вилјареал се приклучи во триото со Реал Мадрид и Атлетико Мадрид, додека Челзи ќе им прави друштво на Ливерпул и на Манчестер сити.
Понатаму оди и Челзи, екипа која е актуелен европски првак и двапати го победи Лил во осминафиналето.
Вечерва Англичаните славеа со 2:1 на гости кај Лил и со победата од 2:0 во Лондон го елиминираа францускиот првак со вкупен резултат од 4:1.
Во четвртфиналето покрај Вилјареал и Челзи, ќе играат и Ливерпул, Манчестер сити, Реал Мадрид, Атлетико Мадрид, Бенфика и Баерн.