Шпанскиот моторциклист Фермин Алдегуер е победник на трката за Големата награда на Индонезија во Мото ГП класата. За младиот 20-годишен Алдегуер ова е прва победа во Кралската класа, а освен неговиот триумф, оваа трка ја одбележа и тешкиот пад на неговиот сонародник Марк Маркес.
Маркес кој пред само една недела на трката во Јапонија по седми пат беше крунисан за шампион во најсилната класа, денеска не ја заврши трката, откако се судри со Италијанецот Марко Бецечи.
Маркес падна од моторот и се здоби со потешка повреда на клучната коска на десното рамо. Првичните прегледи покажале дека актуелниот светски првак има скршеница на коската, а можно е да има и повреда на лигаментите. Маркес мора да оди на операција и сега му следи подолг период на рехабилитација.
🔥ASÍ HA SIDO EL EMBISTE DE BEZZECCHI A MARC MÁRQUEZ.
Pero qué hace, a dónde va con esa velocidad a meterse por el interior, SUBNORMAL.
Le ha hecho muchísimo daño en el hombro, como sea alguna rotura…🤬#MotoGP #IndonesianGP pic.twitter.com/qUqFPkwMKN
— Pole (@SrPole_) October 5, 2025